Вучиќ го одобри враќањето на задолжителниот воен рок

Српскиот претседател Александар Вучиќ се согласи да го врати задолжителниот воен рок во земјата, кој беше укинат во 2011 година.

Како врховен командант на српските вооружени сили на церемонијата во Белград, тој се согласи за воведување на задолжителен воен рок во траење од 75 дена.

Се вчитува...

Мерката ќе влијае само на мажите, додека жените ќе можат да продолжат да служат во српската војска на доброволна основа.

„На Србија и треба силна армија и треба да купи и произведе повеќе оружје. Не сакаме никого да нападнеме, но нашата желба е да ги одвратиме сите оние кои ни се закануваат од ден на ден“, рече Александар Вучиќ.

Во петокот, српскиот премиер Милош Вучевиќ рече дека цврсто го поддржува враќањето на задолжителната воена служба и дека владата е подготвена, доколку се постигне политички и јавен договор за ова прашање, многу брзо да предложи нацрт-закон до парламентот.

На почетокот на годината командата на армијата побара воведување воен рок до четири месеци.На почетокот на овој месец, Вучиќ рече дека должината на задолжителната воена служба треба внимателно да се разгледа и да не се долги, за да не се туркаат уште повеќе млади луѓе да ја напуштат земјата.