Во видеото објавено на Инстаграм профилот, Вучиќ истакна дека Србија се соочува со бројни предизвици и големи надворешни притисоци, тврдејќи дека „успешно се справила со нив и ќе се справува со нив во иднина“.
Српскиот претседател Александар Вучиќ, соочен со притисок од студентски блокади и јавни протести по трагедијата во Нови Сад, денеска ги повика опозициските партии да побараат одржување на т.н. советодавен референдум за довербата што ја има како шеф на државата.
Повикот уследи по истражувањето на јавното мислење објавено од Центарот за истражување, транспарентност и отчетност (ЦРТА), според кое 61 отсто од српските граѓани ги поддржуваат протестите и блокадите што следеа по смртта на 15 лица при падот на настрешницата во Нови Сад.
Секој десетти граѓанин кој е поблизок до партиите на власт ги поддржува протестите, а 25 отсто од оние кои следат само медиуми блиски до власта.
Тој рече дека не сака да остане на власт ниту еден ден ако тоа не е волја на народот.
