Балкан

Вучиќ со предвидување: Светска прехранбена криза поради санкциите кон Русија

Вучиќ со предвидување: Светска прехранбена криза поради санкциите кон Русија

Светот се соочува со глобална прехранбена криза предизвикана од ограничувања и шпекулации. Ова го изјави претседателот на Србија Александар Вучиќ при посетата на Обединетите Арапски Емирати.

„Ќе има криза со храна. Штом ги ограничите цените, веднаш почнат шпекулациите на трговците и производителите, тоа никако не можете да го спречите“, рече Вучиќ.

Српскиот лидер пристигна во ОАЕ на покана на претседателот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан.

Неодамна, на заедничката прес-конференција со турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган, Вучиќ рече дека земјите од Европската унија треба да се подготват за студена зима, а следната ќе биде целосно поларна ако веруваат дека можат да ја победат Русија со воени средства.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни