Балкан

Вучиќ во Азербејџан на средба со претседателот Алиев

Вучиќ во Азербејџан на средба со претседателот Алиев

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска ќе престојува во работна посета на Република Азербејџан, при што ќе се сретне со претседателот Илхам Алиев, јавија српските медиуми, повикувајќи се на прес-службата на Вучиќ,.

За време на посетата, Вучиќ ќе се сретне и со министерот за одбранбена индустрија на Азербејџан, Мадат Гулиев. За време на престојот во Баку, претседателот ќе го посети и Центарот Хејдар Алиев, се вели во соопштението.

Оваа посета Вучиќ ја најави на 23 ноември во Белград на заедничката прес-конференција со претседателот Илхам Алиев.

Сега Илхам Алиев е најпопуларната личност во Европа, сега најскапи гости се оние кои досега немале време за него, но сега сите се заинтересирани за „неговиот“ гас, изјави во оваа прилика Вучиќ. Тој напомена и дека Србија ќе се обиде да ја гарантира својата енергетска безбедност во партнерство со оваа земја.

На 23 ноември делегациите на двете земји потпишаа седум договори, меѓу кои и изјава за стратешка соработка потпишана од претседателите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни