4NEWS.mk

Вулканот Попокатапетл почна да исфрла пепел

 

Властите во Мексико објавија жолта тревога за опасност, откако вулканот Попокатепетл повторно се активираше и почна да исфрла пепел.

„Од 04:21 часот имаше емисии од пепел и вулканска гас на височина до еден километар, кои се распрснати кон југоисток, а фрагменти од блескави камења беа забележани во радиус од 900 метри“, се вели во соопштението на Националниот координативен центар за одбрана на земјата.

Во врска со новата активност на вулканот, објавена е жолта тревога, но тоиа не подразбира евакуација или прекинување на работата на луѓето во областа на вулканот. 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни