Нов црн ден во Македонија, за само 24 часа починати се 14 лица на возраст од 51 до 80 годишна возраст. Тројца пациенти од Скопје (51, 60 и 83г), тројца од Куманово (65, 71 и 53г), еден пациент од Дебар (80г), двајца од Прилеп (55 и 56г), еден од Тетово (63г), еден од Велес (65г), еден од Струмица (68г), еден од Радовиш (72г) и еден пациент од Кратово (75г). Сите се починати во болнички услови.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2647 тестирања, а регистрирани се 870 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-422, Куманово-28, Дебар-10, Штип-25, Прилеп-28, Тетово-64, Струга-10, Велес-38, Битола-29, Охрид-26, Кавадарци-9, Гостивар-23, Гевгелија-13, Струмица-55, Крива Паланка-5, Радовиш-10, Крушево-1, Кочани-13, Пробиштип-4, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Берово-3, Валандово-2, Виница-1, Делчево-6, Кратово-3, Свети Николе-4, Кичево-20, Ресен-7, Неготино-8.
.
