За разрешување на Катица Јанева утре треба да гласаат најмалку 80 пратеници.
Согласно Законот за СЈО, одлуката на Собранието ќе биде испратена до Советот на Јавни обвинители кој и официјално треба да го потврди разрешувањето на специјалната обвинителка.
Доколку тоа не се случи пред 15 септември, мандатот на Јанева ќе истече и таа ќе се спаси од разрешување.