За да останат младите во државата, треба да им се понудат европски услови за живот овде, со стабилни и добро платени работни места и можности за напредување. Со оваа цел е меморандумот за соработка помеѓу Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони и Универзитетот „Гоце Делчев“.
Технолошко-индустриски развојни зони главно имаат потреба од кадар од техничките факултети, а Универзитетот ќе се залага за полесен пристап до работните места, но и реално вреднување на трудот и знаењето на сегашните студенти.
Со компаниите во ТИР- зоните ќе се разговара за нивна поголема отвореност прво за практична работа и стекнување вештини на студентите, а потоа и нивно вработување и можности за кариерен развој.