За нападот врз Ваљон Беља – тројца осомничени за пукањето во Чаир

Три лица се уапсени и ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка, а едно лице е во бегство, за пукотниците пред два дена во Чаир. Основното јавно обвинителство Скопје известува дека е отворена истражна постапка против трите лица за кои постои основано сомнение дека извршиле кривично дело – напад, според Кривичниот законик. Трите лица се сомничат дека на 20-ти овој месец на паркингот пред еден маркет во Чаир, извршиле напад нанесувајќи му тешки телесни повреди на едно лице и предизвикале чувство на небезбедност и страв во јавноста. “Осомничените му се доближиле на оштетеното лице и го нападнеле удирајќи го со тупаници во пределот на лицето и телото“. Едно непознато лице, заедно со нив, извадило огнено оружје и испукал два куршума. Потоа тој го погодил оштетеното лице и му нанел тешки телесни повреди“, се вели во соопштението на Основното јавно обвинителство. Во престрелката е повреден Економскиот директор на Клиниката за гинекологија, Ваљон Беља.

Извор: ТВ21