За помалку од половина час добивате сочно и меко бело месо, треба да направите само една работа

Белото месо ќе биде сочно ако вака го запечете во рерна.

Белото месо е суво, но ако е правилно подготвено, ќе биде многу сочно и вкусно. Наместо да го пржите или печете на скара, ви предлагаме да го исечкате и да го покриете со прекрасен прелив, па да го испечете. Ќе ви одземе помалку од половина час и има одличен вкус. Како прилог, доволна е само салата.

Состојки:

2 пилешки филети

2 јајца

150 мл кисела павлака

провансалски билки, оригано, кари

1 домат

магдонос

Подготовка:

Пилешкото исечкајте го на коцки, па ставете го во огноотпорен сад. Изматете ги јајцата и додадете го кремот за готвење, па измешајте. Истурете ги зачините и прелијте со месото. Доматите исечкајте ги на прстени, па ставете ги врз пилешкото и посипете ги со сечканиот магдонос. Се пече на 200°C околу 20 минути.