За судбината на „Македонско село“ ќе одлучува Владата на некоја од наредните сеници

По едностраното раскинување на договорот, за судбината на „Македонско село“ ќе одлучува Владата на некоја од наредните сеници. Од Службата за општи и заеднички работи велат, на средбата на досегашниот концесионер му било најавено дека ќе биде активирана банкарската гаранција од 43 илјади евра и согласно договорот ќе треба да плати по 3.500 евра месечна кирија за половина година.

„Претставници на менаџментот известија дека се свесни за правните обврски кои произлегуваат од Договорот, а тоа подразбира активирање на гаранцијата за квалитетно извршување на Договорот во износ од 2.690.409 денари, односно околу 43.000 евра“, изјави директорот на СОЗР Пеце Мирчевски.

Концесионерот, како што известил, го раскинува договорот поради работење исклучиво со загуба.

Мирчевски потенцира дека ако се има предвид дека месечната кирија за комплексот изнесувала 3.500 евра и дека во овој момент се покажува дека таа е неодржлива и дека комплексот работел со загуба, вели дека преку едноставна пресметка може да се заклучи дека за државата и граѓаните да си ги повратат вложените средства би биле потребни повеќе од 150 години.