За три дена речиси 1000 заразени од ковид-19 – задолжителни маски на отворено, нема семејни веселби и одење на гости

989 заразени со коронавирус за три дена, а само минатата недела биле регистрирани вкупно 1.175 нови случаи на Ковид-19. Овој драстичен раст на бројката ја натера Комисијата за заразни болести да предложи нови рестриктивни мерки.

Се вчитува...

Анализите покажале дека токму поради ваквите собири е забележан скок на бројот на заразени во изминатиот период. Но, на прашањето – како ќе се контролира колку луѓе дошле на гости, Филипче со одговор дека одговорноста останува на граѓаните. Тој не ја исклучи можноста и за проверки доколку некој граѓанин да пријави некаков случај.

На сите инфективни одделенија во земјата се хоспитализирани вкупно 414 пациенти, а во Прилеп, Куманово, Струмица и Велес, капацитетите се целосно исполнети, па затоа пациентите ќе се упатуваат во други градови.

Филипче рече дека во моментов не размислуваат за воведување полициски час. Други дополнителни мерки кои ќе се преземат се: забрането групирање на отворено по 22 часот и задолжително носење заштитна маска насекаде. Од последната, за носење маска, исклучок е при спортување, за деца до шест години и при транспорт во приватно возило со членови на семејството.

.

Извор: ТВ21