За вакцинација пријавени над 40 илјади граѓани – преку матичните лекари пријавени речиси 13 илјади лица

Од Министерството за здравство за ТВ21 велат дека досега преку матичните лекари пријавени се 12.652 лица за вакцинација, додека пак преку веб страница „vakcinacija.mk“ биле пријавени вкупно 40.600 граѓани.

Веб страницата беше пуштена во функција пред неколку дена, а на неа може да се пријави секој граѓанин, додека пак самиот систем ќе генерира кои граѓани ќе бидат приоритетни.

Освен преку веб страницата, пријавувањето може да се врши и преку матичните лекари преку системот „Мој термин“.