4NEWS.mk

Заев: Боки ги видов доказите, ова е рекет

Во продолжение на денешното рочиште за случајот “Рекет”, обвинителството како доказ презентираше мобилна комуникација меѓу првообвинетиот Бојан Јовановски и тогашниот премиер Зоран Заев.
 
Комуникацијата е остварена преку апликацијата  WhatsApp во април минатата година, односно една недела или две пред Заев да го контактира Обвинителството во врска со случајот. Во пораките, Боки 13 на два пати го замолува Заев да го прими на средба, но Заев меѓудругото му одговара:
 
“Боки ги видов доказите, ова е чист рекет. Како претседател на Владата должен сум да го почитувам правото”.
 
Судењето е во тек.
 
 
Горан Симоновски 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни