На прес конференцијата на која беше презентирана новата кампања на Владата за вакцинација, премиерот се обрати и до антиваксертите.
„Мерките кои ги предлагаме веќе се докажано ефикасни. Вакцинацијата е единствен начин да се бориме против вирусот. Фактот што 90 отсто од заразените последната недела се невакцинирани, тоа е недвосмислена потврда за ефикасноста на вакцините. Тие се и безбедни. Вакцинацијата е најсигурна заштита од коронавирусот“, рече Заев.
Заев додава дека вакцините освен што се ефикасни, тие се и безбедни.
„1.160.000 дадени дози кај нас без посериозни компликации или несакани ефекти кај ниту еден граѓанин се непобитен доказ за нивната безбедност. Обврска на Владата е да го штити народот и да носи нови мерки“, порача премиерот.