Заев: Не може да го правите салата Рашковски – тој не е арогантен

Се работи за тендер кој е завршен во 2016 година и некој не сакал да го потпише, за тоа ќе има истрага и кривични. Рашковски имал апсолутно право да ги забрзува постапките.Секој кој е арогантен треба да понесе одговорност, но и да објасни. Не може некого да правите салата, тој има право да го заштите својот дигнитет. Не може некој да биде боксерска вреќа. Секој има право на човечко достоинство и право да го заштити своето достоинство- одговори Заев на прашањето дали Рашковски не е арогантен и кога најави тужби за новинари и медиуми

Извор: Сител телевизија