Со ноќно бележење на сообраќајна сигнализација целосно заврши реконструкцијата на булеварот „Кочо Рацин“ во Општина Центар, еден од најфреквентните булевари во централното градско подрачје.
– Екипите на Град Скопје работеа со засилено темпо на реконструкција на булеварот и со градежни активности во текот на вечерните часови со цел избегнување на сообраќаен метеж, а целосната реконструкција заврши во најбрз можен рок, информираа денеска од Град Скопје.
Како што се вели во соопштението на Градот, булеварот „Кочо Рацин“ за 40 дена е целосно и темелно реконструиран во должина од 880 метри во двете насоки, на потегот од булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ до улицата „Свети Кирил и Методиј“.
Од Град Скопје посочуваат дека ќе продолжат со интензивните градежни активности за реконструкција на градските улици и булевари во рекордно кратки рокови, а граѓаните добиваат квалитетни и безбедни сообраќајници