4NEWS.mk

Заев: Предвремени парламентарни избори на 12 април 2020

Премиерот Зоран Заев вечерва по средбата со партиските лидери кај претседателот Стево Пендаровски најави дека постигнале договор предвремените парламентарни избори да се одржат на 12 април 2020 година.

По вечерашната изјава Заев замина на средба со лидерите на партиите коалициски партнери на СДСМ.

На лидерската средба попладнево кај претседателот Пендаровски присуствуваа лидерите на двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицковски, а од партиите на Албанците присуствуваат пвите луѓе на ДУИ, Али Ахмети, на БЕСА, Билал Касами, на Алијанса на Албанците, Зијадин Села и на Алтернатива, Африм Гаши. Во вила „Водно“ иако ненајавен пристигна и лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни