Заев се сретна со премиерот на Португалија: Унапредување на соработката меѓу двете земји

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, оствари средба со премиерот на Португалија Антонио Коста во рамките на работната посета на оваа земја, како прва на ниво на премиери на двете земји.

Премиерот Заев ја оцени средбата како одлична можност за поттикнување на можностите за унапредување на односите меѓу Република Македонија и Република Португалија на највисоко ниво, и го покани португалскиот премиер Коста во официјална посета на нашата земја.

Се вчитува...

Двајцата премиери имаат заеднички став дека застапуваат идентични интереси на двете земји и кога станува збор за некои од глобалните, европските и регионалните прашања.

Во таа насока, премиерот Заев го информираше својот колега од Владата на Република Португалија за актуелниот момент на односите на Република Македонија со соседите и со другите земји од Западен Балкан, и го нагласи позитивниот и активен пристап на нашата земја во унапредувањето на односите со секоја земја од регионот одделно.

Португалскиот премиер Коста изрази безрезервна поддршка за нашето членство во НАТО и ЕУ, и ја охрабри целосната имплементација на Договорот од Преспа, како клучен предуслов за тоа.

Двајцата соговорници се согласија дека е неопходно зајакнување на економските врски меѓу двете и да поттикнат балансирање на трговската размена.

Извор: ТВ21