Лидерот на СДСМ Зоран Заев се повлекува од фунцијата претседател на партијата, по што ќе треба да бидат распишани внатре-партиски избори на кои ќе треба да се избере нов лидер на СДСМ во следните 15 дена.
За утре Заев свика централен одбор на СДСМ на која ќе ја ефектуира својата оставка која пак ја најави по загубените локални избори, но подоцна ја одложи на неопределено време.
„Ќе побарам од органите и телата на партијата да биде свикан извршен одбор и централен одбор на СДСМ во вторник, за да може да се констатира мојата оставка од претседател на партијата и да почне веднаш постапката согласно статутот на партијата за избор на нов претседател на СДСМ. Сите тие кои што правеа драми посебно од нашата опозиција, континуирано го лажат народот, а преку тоа го замајуват еве зборот е збор и ќе се радувам да дочекам вака големиот даден збор и од други политичари за вака важни позиции“, изјави Зоран Заев пред два дена.
Според информации на 4NEWS.mk во перидоот додека Заев ја одложуваше оставката, се барал негов наследник. Тие денови се искористени и за внатре-партиски консултации, а името на неговиот наследник и фаворит на Заев е актуелниот заменик министер за Финансии, Димитар Ковачевски.
Утре ќе одлучува и Алтернатива дали ќе влезе во Влада или пак ќе остане во опозција. Заев исто така треба да го определи и новиот мандатар кој ќе направи нова Влада, а се тоа се очекува по 14-ти декември, денот кога имаме последна шанса за ЕУ.
„Нашата покана е Алтернатива да биде дел од Владата. Таргетот пред нас се редовни избори, а не вонредни. Продолжуваат разговорите следната седмица. Како нешто ќе утврдиме, така и ќе ја информираме јавноста“ – рече Заев по средбата со Гаши во Клубот на пратениците.
Од ВМРО-ДПМНЕ викендов порачаа дека Алтернатива пред себе има две опции – или да го послуша гласот на граѓаните кои на локалните избори гласно се спротивставија на политиките на актуелната влада или да тргне по позиции и со тоа да се претопи во криминално милје на Заев.