Поврзи се

4NEWS.mk

Заев за МИА: Лондонскиот самит на НАТО се одржува со 30 земји членки

Published

on

 
Премиерот Зоран Заев пред почетокот на лидерскиот состанок на земјите членки на НАТО за МИА изјави дека ова за него претставува историски момент, кога за прв пат Македонија ќе седи на своето место, како земја членка на Алијансата.
 
– За мене ова е историски момент затоа што дефинитивно седумдесетгодишнината на НАТО, се одржува со триесеттата членка, изјави Заев за МИА.
 
Пристапниот протокол е сега потпишан од сите земји членки освен Шпанија, од технички причини поради предвремените избори во оваа земја.
 
 
Се очекува Шпанија да го ратификува пристапниот протокол во наредните два месеца, но знамето на Македонија веќе се вее заедно со сите други 29 земји членки на Алијансата, а премиерот Заев ќе седи рамо до рама на маса со сите други лидери и ќе присуствува на целиот состанок, за разлика од минатата година.
 
-Ние ќе седиме на главните состаноци со сите лидери, јас имам свое обраќање како што ќе имаат сите други лидери, ова е историски момент, очекувам дека нашиот народ во Република Македонија ќе биде среќен за овој историски момент, ја постигнуваме една од двете најголеми стратешки определби на нашата земја, која значи траен мир, слобода, демократија, но значи и безбедност, сигурност и веднаш потоа инвестиции и повисоки плати и повеќе надеж за младите да останат во државата, рече Зоран Заев.
 
 
НАТО на денешниот самит во Лондон одбележува седумдесет години од своето постоење. Иако овој самит требаше да биде главно церемонијален, тензиите помеѓу САД, Франција и Турција, околу односот кон Русија, буџетскиот придонес кон Алијансата, прашањето на курдските воени групи во Ирак и Сирија, и борбата против тероризмот несомнено ќе доминираат во денешните расправи.
 
Изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон дадени за британскиот неделник „Економист“ предизвикаа бура негативни реакции во источна Европа и Германија, претежно поради алузиите за приближување кон Русија, како и проценката за „мозочната смрт“ на Алијансата.
 
Макрон вчера се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп, по средбата тој не ретерираше, додека пак шефот на американската држава неколку часа пред средбата порача дека изјавите на Макрон се „безобразни“. Бурни реакции дојдоа и од турскиот претседател пред неколку дена кој му препорача на Макрон да ја „провери сопствената мозочна смрт“, изјава која Трамп ја нарече „интересна“.
 
Макрон им забележува на Анкара и Вашингтон дека не се консултирале со другите земјите сојузнички при нападот во северот на Сирија, изразувајќи загриженост на курдските групи од Ирак и Сирија кои западот ги смета за свои сојузници, додека Ердоган оценува дека станува збор за „терористички групи“ и ја уцени Алијансата дека неговата поддршка за активностите на Алијансата во Балтикот против Русија ќе биде условена со прифаќањето од страна на западот дека Курдите се терористи.
 
Доналд Трамп, од своја страна, и натаму е целосно фокусиран на потребата сите земји сојузници да ги зголемат своите буџетски придонеси кон НАТО на два отсто БДП што е можно поскоро, најдоцна до 2024, како што е договорено на НАТО самитот во 2014-та.
 
Премиерот Заев вчера на конференцијата „НАТО се ангажира“, на маргините на овој самит, се заложи за постигнување на стапката од два отсто пред 2024. Тој потсети дека земјата речиси ја дуплираше оваа стапка за три години, од 0,9 отсто во 2017, таа ќе постигне 1,4 отсто во 2020. Важно е да се напомене дека Македонија во 2007 одвојуваше стапка од 2,7 отсто во 2007. Притоа, за овие три години, Македонија посветува 23 отсто од тие средства за модернизацијата на воените сили, што е исто така дел од заложбите на земјите сојузнички од 2014-та.

Извор: Сител телевизија

-Текстот продолжува по рекламата-
Loading...
Совет за етика во медиуми

Музика и Филм

Со ангелски глас и песна во модерен ритам Сања Димова ќе ја освојува домашната сцена

Македонија

Лифтовите потенцијални жаришта на коронавирусот – како да ги направиме безбедни?

Македонија

Венко Филипче тројно погледан на ТВ21 од Канал 5 телевизија

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

Македонија

ВИДЕО: Силна експлозија во фабрика во Битола – на терен противпожарни екипи

Музика и Филм

НОВО ВИДЕО: Момците од Театро бенд пеат „За тебе“

Македонија

ВИДЕО: Секоја чест! Полицајци од ПС Бутел спасија мало куче од дупка длабока 4 метри