Во 10 часот утрово, градоначалникот на Чашка, Горан Стојановски, директорката на основното училиште Виолета Спирковски и министерот за образование Арбр Адеми отидоа во Влада за да се сретнат со премиерот Заев.
Средбата траеше повеќе од еден час а тема беше наоѓањето решение за проблемот на учениците Албанци кои учат на македонски јазик.
На заедничката конференција со претседателот на ЕП ТВ21 го праша Премиерот дали има решение за учениците Албанци од Чашка, тие да учат на мајчиниот јазик.
А говорот за албанската паралелка и концептот Едно општество за сите, изгледа му се допадна на претседателот на ЕП, Давид Сасоли.
Премиерот Заев ја покани и опозицијата да соработува и да најдат решение за учениците Албанци од Чашка. Го побаравме Министерот за образование да не извести за средбата, но не добивме одговор. Во општина Чашка, во основното училиште Тодор Јанев иако има ученици Албанци, никогаш немало албанска паралелка =, а учениците Албанци се принудени да учат на македонски јазик. Кога родителите Албанци побараа отворање албанска паралелка во Чашка, родителите на учениците Македонци излегоа на протест против ваквата идеја.