Македонија

Загина пешак на автопатот Скопје – Велес

На 12.07.2022 во 10.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес, во близина на Катланово, патничко возило „фолксваген поло“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Н.(35) од Скопје, удрило во пешакот Н.С.(75) од Скопје.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што околу 12.50 часот им подлегнал на повредите.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни