Загина возач на патот Илинден – Ајватовци, излетал од патот и удрил во бетонски ѕид

Вчера во 14,35 часот на локалниот пат Илинден-с.Ајватовци било пријавено дека патничко моторно возило „Форд фокус“ со скопски регистарски ознаки управувано од В. Д. (60), излетало од патот и удрило во бетонски ѕид.

Возачот В.Д починал на местото на настанот.

Увид извршила увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител.

Извор: Сител телевизија