Во несекојдневна несреќа во Нови Загреб морале да интервенираат пожарникари и за среќа се се завршило добро.
Имено, вчера околу 8 часот и 45 минути во Нови Загреб, на улицата Приградска, избувнал пожар во купатило од куќа на 64-годишен маж.
Како што соопшти загрепската полиција, пожарот настанал откако шишињата за хигиена кои биле на машината за перење експлодирале за време на перењето.
Пожарникарите го изгаснале пожарот, додека повредени нема. Материјалната штета не е утврдена.