Балкан

Захариева: Погрешно се нарекува вето затоа што е неодобрување на рамката за преговори

Само зборовите повеќе не се доволни, ние сакаме дела. Ова го изјави министерката за надворешни работи Екатерина Захариева по разговорите со специјалниот претставник на македонската влада за решавање на споровите меѓу Скопје и Софија, Владо Бучковски, јави БГНЕС.

„Продолжуваме разговори за изнаоѓање решение за преостанатите билатерални прашања со Р.С Македонија, како и излез за патот на Македонија кон рамката за преговори за нејзино членство во ЕУ.

Ова погрешно се нарекува вето затоа што е неодобрување на рамката за преговори. Ние сме во деликатна фаза од нашата врска. Бевме разочарани од обете страни, и поради фактот што тогашната рамка за преговори не беше одобрена “, додаде Захариева.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни