Македонија

Закажување визи – Германска амбасада во Скопје со важно известување за граѓаните

Германската амбасада во Скопје утрово соопшти дека во следните три месеци нема да има листа на чекање за пријавување, пренесува 4NEWS.mk

Според Амбасадата, ваквата одлука е донесена бидејќи при последното пријавување за термин, поради технички проблеми, пријавени се повеќе лица, поради што овие лица ќе бидат поканети на термин до февруари.

„Поради технички проблеми, при последното пријавување за закажување термин, на 05.10.2021 година, пријавени се повеќе лица од предвидениот број според листата на чекање за термин. Амбасадата одлучи да не ги брише вишокот регистрации, туку да одреди датум за сите пријавени лица по хронолошки редослед, најверојатно до крајот на февруари 2022 година. Затоа, во ноември, декември и јануари нема да се активира листа на чекање за регистрација на термин. “, соопштија од германската амбасада во Скопје.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни