Македонија

Запалени пет возила кај Кале!

Запалени пет возила кај Кале!

Денеска, на улицата „Лазар Личеноски“, во непосредна близина на скопското Кале, избувна пожар во кој беа опожарени пет возила.

Според информациите, огнот целосно ги уништил паркираните автомобили.

Противпожарните екипи се на терен и го гасат пожарот.

Засега нема информации за повредени лица.

Надлежните служби вршат увид на местото на настанот, а причините за избувнување на пожарот дополнително ќе се утврдуваат.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни