На преминот Хоргош, царинските службеници спречија обид за извоз на непријавен олдтајмер Buick Dynaflow од 1952 година со приколка од Србија, соопшти Царинската управа.
Автомобил завиткан во најлон бил откриен на приколка на комбе со српски регистерски таблички кое се упатило кон Шведска.
На прашањето на царинскиот службеник дали има нешто да пријави, возачот на комбето одговорил дека нема, а со детален преглед било откриено дека под најлонот има олдтајмер кабриолет со шведски регистерски таблички.
Возачот на комбето немал виза за престој или работа во странство, што е предуслов за управување и превоз на возила со странски регистарски таблички на приколката.
Автомобилот е привремено задржан до завршување на постапката.
