Свет

Запленето „Ламборџини“ од 270.000 евра во Данска – еве која е причината

Луксузен спортски автомобил „Ламборџини хуракан“ е запленет од страна на полицијата во Данска.

Запленувањето доаѓа само неколку часа откако сопственикот го купил ова возило.

Се работи за ирачки државјанин кој живее во Норвешка, а го купил возилото во Германија за околу 270.000 евра.

Тој бил фатен како вози дури 236 километри на час на дел од автопатот каде што ограничувањето на брзината е 130 километри на час, додека се враќал во Норвешка

Според данските закони, полицијата има право да го заплени возилото на несовесниот возач и да го понуди на аукција, а парите одат во данскиот буџет.

Полицаецот кој го запрел возилото, истакнал дека сопственикот бил „малку нервозен“ кога неговиот автомобил бил запленет, а лицето ќе биде и парично казнето за брзо возење.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни