Започна сезоната за правење на зимница, а ние ви носиме рецепт за највкупниот ајвар:
СОСТОЈКИ:
- 10 кг. црвени пиперки
- 3 модри патлиџани
- 500 мл зејтин
- сол
- 1 лажица шеќер
ПОДГОТОВКА:
Испечете ги пиперките. Кога ќе бидат печени, оставете ги 15 минути во ќеса за полесно да се лупат. Откога ќе ги излупите и ќе ги исчистите од семките, ставете ги во мрежаста цедалка да се цедат околу 1-2 часа.
Во меѓувреме испечете ги, излупете ги и исцедете ги и модрите патлиџани.
Потоа со помош на машинка исецкајте ги ситно, а потоа ставете ги во тенџере и варете ги на не многу силен оган.
Откога ќе почне да врие, постојано мешајте го ајварот за да не загори. Кога течноста од пиперките ќе испари, почнете да додавате зејтин.
Никако не го ставајте целиот зејтин одеднаш, туку постепено.
Кога зејтинот ќе почне да избива на површина, значи дека веќе не треба да ставате зејтин, а тоа секако е знак и дека ајварот ви е при крај.
Додадете сол, промешајте, оставете уште 10-15 минути да се повари со постојано мешање и тргнете го од оган.
Ставајте го ајварот во стерилизирани добро затоплени тегли и убаво затворете ги.
Оставете ги теглите да се оладат, па следниот ден складирајте ги на ладно и темно место.
Во продолжение прочитајте и:
- Внимателно: Вака правилно се стерилизираат тегли за зимница!
- Шарена туршија: Највкусната салата полна со здравје и витамини!
- РЕЦЕПТ: Салата за детоксикација – мелен домат со праз
