Фидан Асани, 1980, затвореник во Идризово, утрово со возило на затворот бил пренесуван од Клинички кон затворот. Кај Автокоманда наводно му се слошило и побарал да застанат. Застанале на бензинска. Во моментот застанало и возило мерцедес од кое излегле непознати лица, ги нападнале затворските чувари и го земале затвореникот и избегале во непознат правец.
Настанот е пријавен во МВР, полицијата трага по затвореникот и лицата кои го “киднапирале“.
Славица Арсова