Поврзи се

4NEWS.mk

Затвореник тврди дека отслужил доживотна казна оти на кратко бил прогласен за мртов

Американски суд отфрли ослободително барање на затвореник, кој тврдел дека отслужил доживотна казна бидејќи на кратко бил прогласен за мртов.

-Текстот продолжува по рекламата-

Шеесет и шестгодишниот Бенџамин Шрајбер е осуден на безусловна доживотна робија во државата Ајова, откако во 1996 година претепал човек до смрт.

Тој тврди дека ја отслужил доживотната казна затвор, бидејќи пред четири години за време на операција срцето на кратко му престанало да работи, но подоцна е вратен во живот.

Судиите го отфрлиле барањето на Шрајбер со образложение дека, иако е оригинален, не е доволно убедлив.

Тој во 2015 година добил сепса, а претходно почнал да му се движи камен во бубрегот. Лекарите во болницата морале да го реанимираат, но тој целосно заздравил и се вратил в затвор.

Затвореникот во жалбата нагласил дека лекарите го оживеале против негова волја, а неговата кратка смрт значела дека, технички гледано, тој ја отслужил казната.

Сепак, во заклучокот од судското образложение при отфрлање на жалбата, се истакнува дека казната на Шрајбер ќе биде завршена дури кога стручно лице ќе констатира смрт.

Извор: Сител телевизија

Реклама
Македонија

Ни 30% од државата нема канализација – треба ли да се стремиме кон Eвропа без канализација?

Македонија

Внимателно со „Малиот шенген“ – СКСЗМ: Не треба да и се наштети на економијата на земјава

Македонија

Што се случи во петокот во Охис? Објаснува Макрадули во #10минути на ТВ21

4NEWS.mk

Косово: ЦИК ќе ја чека одлуката на Врховен суд за гласовите од Србија

Македонија

Зошто граѓаните се жалеа, а истражувањето покажа дека нема штетни материи во воздухот? Одговара Макрадули во „10 минути“

4NEWS.mk

МААЕ откри збогатен ураниум на непријавена локација во Иран

Македонија

Што друго опасно има освен Линдан во Охис? Одговара Макрадули во „10 минути“ на ТВ21

4NEWS.mk

Макрон го пречека Пендаровски

4NEWS.mk

Полска ја прослави годишнината од независноста палејќи знаме на ЕУ

Македонија

Макрадули: Разочаран сум бидејќи пропадна тендерот за филтри на РЕК Битола

Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com