Затвореници од гевгелискиот затвор на општокорисна работа во кавадаречкиот суд

Затвореници од гевгелискиот затвор денеска вршеа општокорисна работа во кавадаречкиот суд со што практично започна применувањето на Законот за пробација.

Се вчитува...

-Општокорисната работа се однесува на извршување хортикултурно уредување на судот, чистење на судската зграда и други дополнителни активности. Сето тоа значи и развивање на работните навики на самата осуденичка популација. Согласно законот, имаме и двајца надзорници кои ја надгледуваат работата на осудените лица и подготвуваат извештај, рече Лазар Нанев, претседател на судот. 

Извор: Сител телевизија