Свет

Затворено небо: Шпанија му врти грб на Вашингтон среде војната со Иран

Затворено небо: Шпанија му врти грб на Вашингтон среде војната со Иран

Шпанија донесе одлука да го затвори воздушниот простор за американските авиони вмешани во војната во Иран, изјави шпанската министерка за одбрана.

Шпанија, членка на НАТО, го затвори својот воздушен простор за американските авиони вмешани во нападите врз Иран и не одобруваме ниту користење на воени бази, ниту користење на воздушниот простор за акции поврзани со војната во Иран – изјави утрово пред новинарите во Мадрид министерката за одбрана на земјата, Маргарита Роблес.

Шпанскиот весник „Ел Паис“ наведува дека затворањето на воздушниот простор ги принудува воените авиони да ја заобиколуваат Шпанија на патот кон своите цели на Блискиот Исток, но тоа не се однесува на вонредни ситуации, во кои случај на авионите ќе им биде дозволено да прелетаат или да слетаат.

Им го одбивме на Соединетите Американски Држави користењето на базите Рота и Морон за оваа нелегална војна и сите планови за летови што вклучуваат операции во Иран се одбиени, вклучително и оние за дополнување гориво во воздух – изјави шпанскиот премиер Педро Санчез, гласен критичар на американско-израелската војна против Иран, минатата среда во Конгресот.

Воени извори за „Ел Паис“ изјавиле дека Шпанија исто така им го ускратила пристапот до воздушниот простор на американските авиони стационирани во трети земји, вклучувајќи ги Франција и Велика Британија.

Да потсетиме, претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани со прекин на трговијата со Мадрид поради ускратувањето на користењето на шпанските бази од страна на САД во војната, за која многу правни експерти се согласуваат дека ја започнале САД и Израел, кршејќи го меѓународното право.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни