4NEWS.mk

Затворски чувари ја ловеа пет часа: На мачка и врзале мобилни и полначи за да стигне до затворениците

Затворски чувари со часови ловеле мачка која се обидела да внесе мобилен телефон во зградата на државниот затвор, објавија властите во Костарика.

Мачката е фатена по петчасовна потрага.

Таа најпрво побегнала во канализацијата, а ја забележал еден од чуварите на затворот „Ла реформа“ во градот Сан Рафаел де Алахуела, близу главниот град Сан Хозе.

„Многу се намачивме додека ја фативме зошто се вовлече во канализацијата“, рекоа од чуварската служба на затворот. Кога конечно ја извлекле, на нејзиниот грб е пронајдена вреќичка со два мобилни телефони, полнач и картички.

Групи криминалци често ги користат животните за преку нив да испратат пораки до затворениците.



Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни