4NEWS.mk

Завршен настан од проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“

Дваесет лица со попреченост денеска напладне во ресторанот „Амбрела“ ќе подготвуваат бесплатни безалкохолни коктели за деца и со дружење и забава ќе биде завршен проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“.
 
Проектот го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидски организации, а го финансира Европската Унија.
 
– Апел до родителите: Дојдете со вашите најмили, заедно да се увериме дека попреченоста е само прашање на перцепција, соопшти НВО „За среќно детство“, која  организираше шест бесплатни работилници за софт-вештини, како и практични вештини со цел да се зајакнат капацитетите на лицата со попреченост, но и да се докаже колку тие можат. 

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни