Холандската претставничка на овогодинешната Евровизија е претставена под псевдонимот С10 и е позната пејачка, раперка и текстописец.
Својата музичка кариера ја започна во 2016 година, кога го издаде мини-албумот Antipsychotica, по што следуваше Lithium, а во 2019 година ја виде светлината на денот со нејзиниот деби албум Snowsniper, кој доби многу музички признанија.
Оттогаш го издаде албумот Vlinder и сними голем број успешни синглови, а на почетокот на март стана претставничка на Холандија на овогодинешната Евровизија каде се претставува со песната De diepte.
Иако е многу млада, С10 напорно се бореше во животот, за што често пее во своите песни.
Таа е родена како Стин ден Холандер во Хорн, како едно од двете близнаци, а од самото раѓање речиси немала никаков контакт со својот биолошки татко.
Младата пејачка, која има само 21 година, се уште се бори со депресија, психоза, аудио-халуцинации и самоубиствени мисли, а сето тоа кулминирало со обидот да си го одземе животот кога имала само 14 години. Потоа била примена во психијатриска болница, ѝ било дијагностицирано биполарно растројство и следела голема битка за Стин да се опорави.
Сепак, неодамнешните коментари на холандскиот водител Јан Рос, кој ја опиша како „девојка која се сече во својата соба за да привлече внимание“, и беа особено тешки поради битките што ги водела.
На забелешката на неговиот соговорник Денис Шаутен дека пејачката има самоубиствени мисли, тој одговори:
„Да, добро, тогаш би било добро да скокнеме од покривот. Исусе, тогаш би можеле да испратиме нормален човек, нели? Извини за тоа. Колку страшна песна“.
Сепак, Стин денес е насмеана девојка, во прилично среќен и мирен период од нејзиниот живот. Таа има можност да ја претставува својата земја на најголемиот музички натпревар на Стариот континент, а по првата полуфинална вечер се пласираше во финалето и со својот глас ја воодушеви Европа.
