Грејната сезона во земјава официјално завршува на 15 април, по што започнува т.н. преоден период кој ќе трае до крајот на месецот, информира Регулаторна комисија за енергетика.
Според правилата за снабдување со топлинска енергија, во периодот од 16 до 30 април греењето нема да се одвива континуирано, туку ќе зависи од временските услови. Доколку прогнозирана средна дневна температура за наредниот ден изнесува 12 степени Целзиусови или помалку, снабдувачот ќе има обврска да обезбеди греење.
Во таков случај, во домовите и деловните простории треба да се одржува температура од 20 степени (со можност за отстапување од плус еден степен), во периодот од 06:00 до 22:00 часот.
Податоците за температурите, врз основа на кои ќе се носи одлуката за вклучување на греењето, ќе се преземаат од Управа за хидрометеоролошки работи.
Од РКЕ појаснуваат дека ваквиот режим е вообичаен за овој период од годината, кога временските услови се променливи, а потребата од греење варира.
