Свет

Зеленски: Би сакал Кина да стане пријател на Украина

Зеленски: Би сакал Кина да стане пријател на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека би сакал Кина да биде пријател на Украина.

Зеленски на прес-конференција по глобалниот мировен самит во Швајцарија, одговарајќи на прашање на кинески новинар дали Кина е непријател или партнер на Украина, рече дека Украина никогаш не ја нарече Кина непријател, туку дека би сакала таа да и биде пријател.

„Украина никогаш не кажа дека Кина е нејзин непријател. И ве молам, не кажувајте такви работи. Секогаш велам дека непријател број еден на Украина е (рускиот претседател Владимир) Путин затоа што не нападна. Кога сме веќе кај пријателите, верувам дека пријателите се тие кои помагаат во тешки времиња, а јас би сакал Кина да стане пријател на Украина“, рече Зеленски, пренесе Украинска Правда.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни