Зеленски повторно се пофали: Погледнете како украинските сили нападнаа два танкери од „флотата од сенка“

Украинските сили нападнаа два танкери од таканаречената „флота од сенка“ во водите на влезот во руското црноморско пристаниште Новоросијск, изјави во неделата претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

„Тие танкери беа активно користени за транспорт на нафта – повеќе нема да бидат“, наведе Зеленски во објава на Телеграм.

Тој додаде дека Украина ќе продолжи да ги развива своите капацитети за напади со долг дострел „на море, во воздух и на копно“.