Поврзи се

4NEWS.mk

Зеленски разговараше телефонски со Путин, главна тема украинските морнари

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин за украинските морнари кои минатиот ноември беа уапсени во Керчкиот залив, соопшти Кабинетот на Зеленски.

– Главна тема беше ослободувањето на уапсените украински морнари. Исто така, разговараа и за ослободување други Украинци кои во моментов се затворени во Русија, се наведува во соопштението.

Покрај тоа, двајцата лидери разговарале за натамошните контакти преку нормандиски формат.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека иницијатор на разговорот е украинската страна и дека разговарале за решавање на конфликтот во југоисточниот дел на Украина.

Ова е прв разговор на двајцата лидери, откако Зеленски стана претседател на Украина, на 30 мај.

Претходно, денеска Путин порача дека Русија е подготвена за разговори со украинските власти во кој било формат, но дека прво треба да се почека да се формира владата во Киев. 

Извор: Сител телевизија

Реклама
Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com