Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ од Битола во 2023 година ја зголемил добивката за дури 1.198%! Тоа е најголемиот раст постигнат од компанија која е на листата 100 најголеми според добивката. Импозантен е и растот на Друштвото за производство, трговија и услуги „Ел Те инженеринг“, кое се занимава со изведба, ремонт и ревитализација на енергетски капацитети и индустриски постројки, а за една година успеало да направи 1.050% поголема добивка, покажува анализата на порталот „Пари“ во соработка со Бизнис.мрежа.мк.
Податоците за 100-те најголеми компании по оваа основа покажува дека во ова друштво се случиле промени во 2023 во однос на 2022 година, токму поради тоа што некои од нив имале огромен раст на добивките. Притоа, она што може да се заклучи е дека ланската година била многу поволна за енергетските компании, затоа што тие имале огромен раст на добивките и така се пласирале во првите 100 фирми со најголеми профити.

