Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтер попладнево е регистриран во Албанија.
Потресот,кој траел неколку секунди е почувствуван во 17:03 часот, со епицентар во Грдец,општина Вора,кај Тирана.
Земјотресот е почувствувам и во Драч,Лежа и Фуш Круја и предзвикал вознемиреност кај жителите.
На 15 овој месец, по неколкудневна смиреност на земјата, во Албанија регистриран беше потрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала.
На 26 ноември, беше разорниот земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, во кој животот го згубија 51 лице а беше предизвикана огромна материјална штета,најмногу во Драч,Тирана и Туман.