Свет

Земјотрес со јачина од 5,1 степен го погоди северниот дел на Иран

Земјотрес со јачина од 5,1 степен го погоди северниот дел на Иран

Земјотрес со интензитет од 5,1 степени според Рихтеровата скала го погоди денес северниот дел на Иран, објави Американскиот геолошки завод.

Земјотресот со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала се случил на длабочина од 10 километри, околу 37 километри југозападно од градот Семнан, објави Американскиот геолошки завод.

Новинската агенција Тасним објави дека епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Соркех во покраината Семнан, но го почувствувале и луѓето во Техеран, Семнан, Фирузкух, Килан, Ком и други градови.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио за изборите во Србија и Бугарија со Синиша Пекевски, Игор Бесермењи и Румен Скрински

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни