4NEWS.mk

Земјотрес со јачина од 6,3 степени јужно од јапонскиот остров Хоншу

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала вчера ја погоди Јапонија, во близина на јужниот дел на островот Хоншу, соопшти Европскиот центар за следење на земјотреси (ЕМСЦ).

Засега нема информации за жртви, нити за материјална штета, пренесоа британските медиуми.

ЕМСЦ соопшти дека, според проценките, на подрачјето на кое е регистриран земјотресот, живеат околу 30 милиони лица. 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни