Свет

Земјотрес утрово ја стресе Романија

Земјотрес утрово ја стресе Романија

Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди областа Вранча во Романија. Земјотресот се случил во 5 часот и 54 минути по локално време на длабочина од 143,9 километри, соопшти Националниот институт за физика, пренесе Аџерпрес.

Градовите кои биле најблиску до земјотресот биле Фокшани, Бузау, Свети Ѓорѓе, Брашов и Плоешти. Од почетокот на јануари во Романија се регистрирани 15 земјотреси со јачина меѓу 2,4 и 3,5 степени.

Најсилниот земјотрес во 2024 година е забележан на 16 септември во областа Бузау, со јачина од 5,4 степени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни