Балкан

Земјотрес во БиХ бил почувствуван во целиот регион!

Земјотрес во БиХ бил почувствуван во целиот регион!

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала е почувствуван утрово околу 8,07 часот низ цела Босна и Херцеговина.

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC), земјотресот ги погодил Сараево, Мостар, Широки Бријег и Зеница. Засега нема податоци за жртви и причинета штета.

Земјотресот е почувствуван и во Србија, поточно во Белград.

Според корисниците на Твитер, земјотресот бил почувствуван и во Хрватска и на црногорското крајбрежје.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни