Свет

Земјотрес во централна Италија

Земјотрес во централна Италија

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала денеска во 16 часот и 5 минути ја погоди Италија, пренесе АНСА.

Епицентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), бил четири километри оддалечен од градот Умбертид.

ЕМСЦ, исто така, посочи дека епицентарот на ударот бил на длабочина од десет километри.

Засега нема информации за штети или евентуални жртви.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни