Македонија

Зендели во „10 МИНУТИ“: Неодзамањето на имунитетот на Вељаноски беше сценарио на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ

Пратеникот на движењето БЕСА, Фадиљ Зендели во емисијата „10 МИНУТИ“ рече дека неодземениот имунитет на екс претседателот Трајко Вељаноски, е смислено сценарио на трите најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ.

„Сметам дека не одземањето на  имунитет за екс претседателот, беше со позадина на три политички субјекти, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ. Претседателот на Собранието нека одговори соодветно зошто не дошло до одземање на имунитетот. Тоа што го видоа граѓаните беше само маска што сакаа да им ја продадат на граѓаните, но немаше интерес за одземање на имунитетот. Кај Јанева, беше друга ситуација, удар што го доби СДСМ преку аферата Рекет. Ова сигурно влијаело на слабеење на позицијата на СДСМ наспроти ВМРО-ДПМНЕ но и на СЈО, кое како  институција требаше да ја реализира својата мисија и секако беше компромис меѓу овие субјекти да се разреши Јанева и да продолжат политичките пазарења“, рече Зендели.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни